Алкалоид ја зголеми продажбата

Bez autora
Aug 06 2010

Скопски Алкалоид, најголемата фармацевтска компанија во земјава во првите шест месеци од годинава бележи позитивни финансиски резултати. Според неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех што деновиве се објавени на официјалниот сајт на Македонската берза за хартии од вредност во периодот јануари-јуни годинава фармацевтската компанија бележи раст на консолидираните продажби за 6,3 отсто споредено со истиот период минатата година. Податоците покажуваат дека пак единечните продажби за истиот период бележат пораст за 5,9 отсто, доколку се спореди со ланскиот период. Друштвото брои околу 1120 вработени со доминантен капитал во сопственост на приватни акционери. Компанијата е позната по производството на квалитетни лекови, чаеви, козметички препарати и премази. Органските чаеви се продаваат ширум светот, а во САД и неколку други земји тие се наградувани.

Алкалоид ја зголеми продажбатаСкопски Алкалоид, најголемата фармацевтска компанија во земјава во првите шест месеци од годинава бележи позитивни финансиски резултати.

Според неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех што деновиве се објавени на официјалниот сајт на Македонската берза за хартии од вредност во периодот јануари-јуни годинава фармацевтската компанија бележи раст на консолидираните продажби за 6,3 отсто споредено со истиот период минатата година. Податоците покажуваат дека пак единечните продажби за истиот период бележат пораст за 5,9 отсто, доколку се спореди со ланскиот период.

Друштвото брои околу 1120 вработени со доминантен капитал во сопственост на приватни акционери. Компанијата е позната по производството на квалитетни лекови, чаеви, козметички препарати и премази. Органските чаеви се продаваат ширум светот, а во САД и неколку други земји тие се наградувани.

Македонскиот бренд Бекутан произведен во Алкалоид, е избран за супербренд на хрватскиот пазар за 2009 година
Алкалоид има две фирми-ќерки: "Алкалоид Премази" и "Алкалоид КОНС", како и 12 подружници надвор од Македонија, во Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Словенија, Швајцарија, Романија, САД и Руската Федерација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik