Бензинот на границите стана најбарана стока

Bez autora
Aug 05 2010

На излезот од земјава кон Грција, на граничниот премин Богородица, деновиве се потрошија енормни количества бензин. Нафтените фирми задоволно тријат раце од неочекуваниот зголемен профит, затоа што точат бензин масовно сите. Како Македонците што патуваат на годишен одмор, така и Грците, кои до вчера во голем број ја преминуваа границата за да наполнат бензин поради штрајкот на транспортерите и недостигот од гориво во нивната земја. Извори од „Макпетрол“ ни потврдуваат дека деновиве имало досега незапаметена потрошувачка на бензин во нивната постојка, која е стационирана пред влезот на Гевгелија, од грчка страна. Не ги кажуваат количествата, но, неофицијално, во изминатите денови биле потрошени за четири пати повеќе литри од вообичаената дневна потрошувачка во летните периоди.

На излезот од земјава кон Грција, на граничниот премин Богородица, деновиве се потрошија енормни количества бензин. Нафтените фирми задоволно тријат раце од неочекуваниот зголемен профит, затоа што точат бензин масовно сите.

Како Македонците што патуваат на годишен одмор, така и Грците, кои до вчера во голем број ја преминуваа границата за да наполнат бензин поради штрајкот на транспортерите и недостигот од гориво во нивната земја. Извори од „Макпетрол“ ни потврдуваат дека деновиве имало досега незапаметена потрошувачка на бензин во нивната постојка, која е стационирана пред влезот на Гевгелија, од грчка страна. Не ги кажуваат количествата, но, неофицијално, во изминатите денови биле потрошени за четири пати повеќе литри од вообичаената дневна потрошувачка во летните периоди.

Слична била состојбата и на другите бензински пумпи околу Гевгелија, Богданци, Дојран или Струмица, каде што прометот бил мошне зголемен, претежно од грчки државјани што доаѓале само за да наточат бензин во возилата.

Вработени во бензинската пумпа „Шимов“, на излезот од Гевгелија, потврдуваат дека овие денови имале полни раце работа, односно дека многу повеќе се точело бензин за разлика од пред еден месец, но не посочуваат за колкави количества станува збор.

„Па, тоа е нормално, сега е време на годишни одмори. А доаѓаат и Македонци и Грци, како и од други земји. Ги има во зголемен број сите“, вели вработен во оваа бензиска, кој немаше многу време за разговор, затоа што, како што рече, имал многу работа.

Од „Лукоил“, исто така, посочуваат на зголемена побарувачка на гориво во јули. Од компанијата велат дека немаат свои бензински на граничните пунктови и не би можеле потрошувачката да ја поврзат со грчката криза. Сепак, во текот на јули генерално е регистрирана зголемена продажба на бензин на сите пумпи на „Лукоил“ низ целата земја, а тоа го објаснуваат со времето на годишните одмори кога сите граѓани патуваат повеќе.

Инаку, од вчера, туристите што ја избрале Грција за дестинација за одмор, веќе можат да здивнат, затоа што штрајкот на транспортерите заврши, ситуацијата со снабденоста со бензин се нормализира и цистерните повторно се движат низ земјата.

Сепак, поради значително повисоката цена на бензинот кај овој сосед од околу 1.70 до две евра за еден литар, многу реално е да се очекува дека и во наредниот период ќе продолжи интересот на грчките државјани за полнење гориво на нашите бензински, бидејќи цената на горивата кај нас изнесува околу 70 денари за литар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik