На крајот на јуни, споредено со претходниот месец, девизните резерви пораснале за 1,5 отсто, објави Народна банка на Македонија. Расте приливот на резерви по сите основи. И тие што се чуваат во конвертибилни странски валути и валутите што се чуваат во странски централни банки и кај Меѓународниот монетарен фонд. Според податоци на Народна банка на Македонија на крајот од јуни девизните резерви на земјава изнесуваат 1,7 милијарда евра и споредено со претходниот месец бележат раст од 1,5 отсто. Основната задача на девизните резерви е одржување континуитет во плаќањето на обврските на земјата кон странство. Колку е поголем нивниот износ, толку е помала можноста државата да западне во неликвидност спрема странските доверители. Покрај тоа, девизните резерви се користат за интервенција на Народната банка на девизниот пазар заради регулирање на девизната ликвидност на банките и на претпријатијата, и заради регулирање на девизниот курс на денарот.
На крајот на јуни, споредено со претходниот месец, девизните резерви пораснале за 1,5 отсто, објави Народна банка на Македонија.
Расте приливот на резерви по сите основи. И тие што се чуваат во конвертибилни странски валути и валутите што се чуваат во странски централни банки и кај Меѓународниот монетарен фонд. Според податоци на Народна банка на Македонија на крајот од јуни девизните резерви на земјава изнесуваат 1,7 милијарда евра и споредено со претходниот месец бележат раст од 1,5 отсто.
Основната задача на девизните резерви е одржување континуитет во плаќањето на обврските на земјата кон странство. Колку е поголем нивниот износ, толку е помала можноста државата да западне во неликвидност спрема странските доверители. Покрај тоа, девизните резерви се користат за интервенција на Народната банка на девизниот пазар заради регулирање на девизната ликвидност на банките и на претпријатијата, и заради регулирање на девизниот курс на денарот.