Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска објасни дека договорот со Меркатор бил раскинат поради тоа што не биле запазени роковите. Сите договори што нема да ги исполнат основните клаузули, како на пример рокот за одобрување на градење, ќе бидат раскинати. Министерството има воспоставено софтверски систем за најголем број од договорите, кога ќе се пробие било каков рок ќе достават предлог до правобранителот за раскинување на договорот. Меркатор од 2005 година најави изградба на трговски центар во близина базенот Карпош, но до сега не е ништо изградено.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска објасни дека договорот со Меркатор бил раскинат поради тоа што не биле запазени роковите.
Сите договори што нема да ги исполнат основните клаузули, како на пример рокот за одобрување на градење, ќе бидат раскинати.
„Министерството има воспоставено софтверски систем за најголем број од договорите, кога ќе се пробие било каков рок ќе достават предлог до правобранителот за раскинување на договорот.“ изјави Јанакиески.
Меркатор од 2005 година најави изградба на трговски центар во близина базенот Карпош, но до сега не е ништо изградено.