Владата е подготвена да му помогне на лозарството. Ќе бидат обезбедени субвенции за извоз на вино и за дестилација, бидејќи состојбите се комплицираа заради големите залихи на вино. Како што се жалат винарите произведените количини останаа непродадени поради светската економска криза. Според премиерот Никола Груевски државата веќе еднаш интервенираше преку обезбедување поволни кредити за винарите, но тоа помогнало само делумно. Владата сега прави нови анализи како би можеле понатаму да им помогнеме. Тие анализи не се завршени, не можам да дадам конечен одговор, но се размислува во правец на давање субвенција за извоз на вино и за дестилација - вели премиерот Груевски и додава дека тој веќе разговарал за овие проблеми со ресорниот министер Љупчо Димовски...
Владата е подготвена да му помогне на лозарството. Ќе бидат обезбедени субвенции за извоз на вино и за дестилација, бидејќи состојбите се комплицираа заради големите залихи на вино. Како што се жалат винарите произведените количини останаа непродадени поради светската економска криза.
Според премиерот Никола Груевски државата веќе еднаш интервенираше преку обезбедување поволни кредити за винарите, но тоа помогнало само делумно.
- Владата сега прави нови анализи како би можеле понатаму да им помогнеме. Тие анализи не се завршени, не можам да дадам конечен одговор, но се размислува во правец на давање субвенција за извоз на вино и за дестилација - вели премиерот Груевски и додава дека тој веќе разговарал за овие проблеми со ресорниот министер Љупчо Димовски.
Според Груевски, во овој момент не е најважно дали извозот ќе се реализира во шишиња или во цистерни, како наливно, зашто залихите се преголеми. Битно е, нагласи, да се пласираат заостанатите количини и да се подмири долгот по што ќе можат да се преземат и исплатат новите.
Премиерот потсети дека за прв пат оваа Влада воведе поддршка за лозарите, по 2,5 денари за килограм грозје.
- Пред неколку месеци кога ни беше укажано дека производителите на вино го имаат откупено грозјето, но не и платено, овозможивме преку Македонската банка за поддршка на развојот да добијат кредити со кои би се раздолжиле. Тоа делумно помогна. Некои од винариите земаа кредити, почнаа да се раздолжуваат, но само делумно. Се уште има огромни количини вино во нивните подруми, кое не е продадено поради светската економска криза, посочи Груевски.
Владата ја следи состојбата во земјоделството генерално. Како што оцени Груевски годинава е доста добра посебно за најважните култури, тутунот и пченицата.
- Тутунот беше произведен во голема количина, откупот се реализира експресно, се постигна висока цена, можеби највисока досега, но највисоки беа и субвенциите. Вкупно 23 милиони евра од Буџетот легнаа на сметките на производителите. Добро тргна и со пченицата. Еден период имаше мал страв, но со преземањето на владините мерки, работите тргнаа во добар правец, цената се зголеми, вели Груевски.