Укинување на надоместокот за преносливост на броеви што го плаќаат корисниците кога сакаат да преминат од еден кај друг телефонски оператор при тоа задржувајќи го префиксот, или само подмирување на административните трошоци ако префиксот на бројот се менува. Ова се предвидува со измените на Законот за електронски комуникации, што ги предлага Министерството за транспорт и врски, а со кои ресорниот министер, Миле Јанакиески, очекува на граѓаните да им се овозможи да добијат нови и иновативни услуги и пониски цени. Со измените ќе се направи подобрување на регулацијата во делот на електронските комуникации, повисок степен на транспарентност кон операторите на пазарот и повисок степен на заштита на правата на крајните корисници. Со измените се предвидува операторите на увид во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ги доставуваат претплатничките договори и во рок од 15 дена да одговарат на сите приговори што ќе стасаат до нив. Во спротивно ќе бидат казнети од 2 до 4 проценти од приходот остварен во претходната година.
Укинување на надоместокот за преносливост на броеви што го плаќаат корисниците кога сакаат да преминат од еден кај друг телефонски оператор при тоа задржувајќи го префиксот, или само подмирување на административните трошоци ако префиксот на бројот се менува.
Ова се предвидува со измените на Законот за електронски комуникации, што ги предлага Министерството за транспорт и врски, а со кои ресорниот министер, Миле Јанакиески, очекува на граѓаните да им се овозможи да добијат нови и иновативни услуги и пониски цени.
- Со измените ќе се направи подобрување на регулацијата во делот на електронските комуникации, повисок степен на транспарентност кон операторите на пазарот и повисок степен на заштита на правата на крајните корисници - оценува Јанакиески.
Со измените се предвидува операторите на увид во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ги доставуваат претплатничките договори и во рок од 15 дена да одговарат на сите приговори што ќе стасаат до нив. Во спротивно ќе бидат казнети од 2 до 4 проценти од приходот остварен во претходната година. Новина е и што со предложените измени се предвидува инвеститорите кои градат станбени или деловни згради им се наложува обврската да воспостават и обезбедат пристап за електронска комуникациска мрежа која ќе им овозможи на станарите на зградата слободен избор на оператор.
Предвидено е и обезбедување на јавни говорници, потоа воспоставување на целосен именик кој ќе ги опфаќа броевите од сите оператори, а за што изборот на давателот на оваа услуга ќе се направи на транспарентен начин од страна на АЕК по донесувањето на измените на Законот за електронски комуникации.
- Со Законот се наметнуваат и обврските за транспарентност при интерконекција и пристап, избор и предизбор на оператор, регулација на малопродажните цени, водењето на посебно сметководство со што ќе се придонесе да се обезбеди и поголема заштита на конкуренцијата на пазарот на електронски комуникации.