Хидроцентралата „Тиквеш“ пред завршувањето на првиот квартал од годинава го оствари планираното производство на електрична енергија за 2010 година, од 129 гигават-часови, како што е според енергетскиот биланс. Резултатот е постигнат и е натфрлен за помалку од 90 дена. Инаку, во изминатите 20 години годишниот просек на производството на струја изнесува околу 115 гигават-часови. Од компанијата нагласуваат дека во 2010 година производството треба да се реализира со просечна кота од 262,37 метри и дека се остварени заштеди во работата од околу десет отсто. Во акумулацијата моментно има расположливи 60 ггвч. струја за производство во идниот период. Агрегатите се максимално ангажирани со вкупна моќност од 109 мегавати, а истекот преку турбините е околу 130 кубни метри во секунда. ХЕЦ „Тиквеш“ и натаму ќе биде ангажиран за да ги задоволи потребите за производство на струја.
Хидроцентралата „Тиквеш“ пред завршувањето на првиот квартал од годинава го оствари планираното производство на електрична енергија за 2010 година, од 129 гигават-часови, како што е според енергетскиот биланс.
„Резултатот е постигнат и е натфрлен за помалку од 90 дена. Инаку, во изминатите 20 години годишниот просек на производството на струја изнесува околу 115 гигават-часови“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.
Од компанијата нагласуваат дека во 2010 година производството треба да се реализира со просечна кота од 262,37 метри и дека се остварени заштеди во работата од околу десет отсто. Во акумулацијата моментно има расположливи 60 ггвч. струја за производство во идниот период.
„Агрегатите се максимално ангажирани со вкупна моќност од 109 мегавати, а истекот преку турбините е околу 130 кубни метри во секунда. ХЕЦ „Тиквеш“ и натаму ќе биде ангажиран за да ги задоволи потребите за производство на струја“, се додава во информацијата.
Од ЕЛЕМ посочуваат дека сите хидроелектрани значително го натфрлија планот за производство на струја за 2010 година и дека од почетокот на годинава за потребите на потрошувачите вкупно се произведени 664 ггвч., што е за 58 отсто повеќе во однос на количествата предвидени во Билансот за 2010 година за првиот квартал.