Македонија без идеја ги користи средствата од ИПА

Bez autora
Jun 24 2010

Најголем проблем доколку сега би влегле во Европска Унија ќе биде невработеноста, реформата на администрацијата, безбедноста при работа и еколошката структура, според Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО). Доколку Владата не го искористи овој период за постепено интегрирање на компаниите и подобрување на економијата, влезот во ЕУ би бил уште потежок за граѓаните. Пристапното партнерство претставува документ кој што ги дефинира краткорочните и долгорочните параметри на државата, што треба да ги исполнува за одреден рок, а Европската комисија со извештајот за напредок мери колку сме напреднале во евроинтеграциите. Според извештајот од ЕУ за напредок на слободно движење на стоки, многу малку се посветува на остварување на параметрите кои ги државата треба да ги исполнува во процесот на евроинтеграции.

Македонија без идеја ги користи средствата од ИПАНајголем проблем доколку сега би влегле во Европска Унија ќе биде невработеноста, реформата на администрацијата, безбедноста при работа и еколошката структура, според Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).

„Доколку Владата не го искористи овој период за постепено интегрирање на компаниите и  подобрување на економијата, влезот во ЕУ би бил уште потежок за граѓаните“, изјави Наташа Јованова програмски директор во МЦЕО.

Пристапното партнерство претставува документ кој што ги дефинира краткорочните и долгорочните параметри на државата, што треба да ги исполнува за одреден рок, а Европската комисија со извештајот за напредок мери колку сме напреднале во евроинтеграциите.

Според извештајот од ЕУ за напредок на слободно движење на стоки, многу малку се посветува на остварување на параметрите кои ги државата треба да ги исполнува во процесот на евроинтеграции.

Во пристапното партнерство  од 2007 година се наведува дека треба да биде имплементирано законодавството на слободно движење на стоки и да се обезбеди висококвалитетна услуга за бизнис заедницата.

„Во Извештајот за напредок се констатира дека во 2008 нема акциски план за слобода на движење на стоки, а во 2009 во извештајот стои дека се активностите треба да започнат, што докажува дека веќе три години не е усвоена слободата за движење на стоки препорачана од ЕУ“, рече Јованова.

Според МЦЕО доколу државата сака да ги оствари реформите кои се зацртани во пристапното партнерство, треба побрзо и со стратегија која е во склад со европските програми да ги користи средствата од инструментот за претпристапна помош (ИПА).

„Државата троши 100 милиони евра за субвенционирање на земјоделието, се троши голема сума на пари без зацртана рамка, ние уште немаме закон за државна помош во земјоделието, а европската комисија јасно кажува дека не може да субвенционирате без рамка“, изјави Јованова.

Целта на ИПА програмата е обезбеди претпристапна помош под една рамка и да се обезбеди регулатива за земјите кандидати за членство во ЕУ и земјите кои се потенцијални кандидати.

Од МЦЕО велат дека земјата треба да посвети поголемо внимание на заедничката политика со ЕУ и со план да бидат искористени средствата од ИПА и другите фондови кои се отворени за Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik