Македонија троши четири пати повеќе енергија од европскиот просек

Bez autora
Apr 11 2010

Македонија е на дното по енергетката ефикасност во регионот и троши дури четирипати повеќе енергија за исти потреби од европскиот просек. Ова беше истакнато на Регионалната конференција за одржлива енергија, што се одржа во Скопје, која е дел од Проектот за вмрежување и градење на капацитетите на невладини организации (НВО) за поголемо искористување на обновливите извори на енергија и поголема енергетска ефикасност на подрачјето на Западен Балкан, финансиран од Европската комисија. Во Македонија многу не се прави за обновливите извори на енегија, а последнава недела беа намалени и субвенциите за производство на енергија од сончеви колектори, што е лош сигнал за сите потенцијални инвеститори. Владата дури одлучи да ги скрати и субвенциите за граѓаните кои инвестираа соларни панели за топла вода.

Македонија троши четири пати повеќе енергија од европскиот просекМакедонија е на дното по енергетката ефикасност во регионот и троши дури четирипати повеќе енергија за исти потреби од европскиот просек.

Ова беше истакнато на Регионалната конференција за одржлива енергија, што се одржа во Скопје, која е дел од Проектот за вмрежување и градење на капацитетите на невладини организации (НВО) за поголемо искористување на обновливите извори на енергија и поголема енергетска ефикасност на подрачјето на Западен Балкан, финансиран од Европската комисија.

- Во Македонија многу не се прави за обновливите извори на енегија, а последнава недела беа намалени и субвенциите за производство на енергија од сончеви колектори, што е лош сигнал за сите потенцијални инвеститори. Владата дури одлучи да ги скрати и субвенциите за граѓаните кои инвестираа соларни панели за топла вода - рече координаторот на проектот од Македонија, Искра Стојковска од НВО Фронт 21/42".

Според неа во Македонија не се вложува многу во енергетскиот сектор зашто инвеститорите се несигурни поради честите промени на тарифите и правилниците и поради адмниистративните процедури и пречки со кои се соочуваат.

- Цената на струјата од обновливи извори на енергија, во принцип, е повисока, но постојат модели како и кој ќе ја плати разликата во цената. За разлика од обновливите извори, фосилните предизвикуваат последици по здравјето на луѓето и за тоа се одлеваат пари за лекување кои ние директно не ги плаќаме во струјата, поради што таа изгледа поевтина - истакна Стојковска.

Бернард Ивчиќ од НВО Зелена акција" од Хрватска потенцира дека во неговата земја има добри услови и потенцијали за производство на струја од обновлива енергија, но тие не се доволно искористени.

- Причина за тоа е недоволната информираност и свест на надлежните за донесување одлуки за производство на електрична енергија од обновливи извори, како и големото влијание на големите енергетски компании кои ги користат постојните извори на енергија - рече Ивчиќ нагласувајќи дека состојбата на тоа поле е слична во сите земји од регионот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik