НБМ со преполовена добивка

Bez autora
Mar 23 2010

НБМ лани била во нето-добивка од 22,2 милиона евра од инвестирањето на девизните резерви. Тоа е речиси три пати помалку отколку во 2008 година, кога направила 59,5 милиони евра. Финансиската криза ја преполови ланската добивка на Народната банка на Македонија од инвестирање на девизните резерви во државни обврзници и го изеде профитот што во 2008 година го направи од нив. За експертите, ова треба да е поука за централната банка како годинава да ги инвестира државните резерви бидејќи пазарот повторно ќе го тресат ланските проблеми. НБМ лани била во нето-добивка од 22,2 милиона евра од инвестирањето на девизните резерви, стои во ревизорскиот извештај на „Прајсвотерсхаус Куперс“ за финансиското работење на институцијата. Тоа е речиси три пати помалку од 2008 година, кога направила 59,5 милиони евра.

НБМ со преполовена добивкаНБМ лани била во нето-добивка од 22,2 милиона евра од инвестирањето на девизните резерви. Тоа е речиси три пати помалку отколку во 2008 година, кога направила 59,5 милиони евра.

Финансиската криза ја преполови ланската добивка на Народната банка на Македонија од инвестирање на девизните резерви во државни обврзници и го изеде профитот што во 2008 година го направи од нив. За експертите, ова треба да е поука за централната банка како годинава да ги инвестира државните резерви бидејќи пазарот повторно ќе го тресат ланските проблеми.

НБМ лани била во нето-добивка од 22,2 милиона евра од инвестирањето на девизните резерви, стои во ревизорскиот извештај на „Прајсвотерсхаус Куперс“ за финансиското работење на институцијата. Тоа е речиси три пати помалку од 2008 година, кога направила 59,5 милиони евра.

Централната банка во тргувањето со странски државни обврзници лани добивала и губела, а разликата во постигнатото е драстично полоша од резултатите во 2008 година. Добивката што лани НБМ ја остварила од продажбата на обврзници е помала 3,5 пати во споредба со 2008 година. А загубата од тргувањето е поголема за 47 пати. Загубата од 5 милиони евра е тоа што најмногу ги чуди и загрижува експертите.

Во НБМ тврдат дека таа е направена бидејќи во девизните резерви оставила помалку пари за купување обврзници, а повеќе за одбрана на курсот на денарот.

- Главна причина за намалена нето-добивка во 2009 година се пониските приходи од инвестирањето на девизните резерви. Тоа се должи на намаленото ниво на девизните резерви и пониските приноси на меѓународните финансиски пазари. Во 2009 година просечната состојба на девизните резерви беше за 10,4 отсто пониска во споредба со 2008 година. Главен фактор за намалување на девизните резерви беа интервенциите на девизниот пазар во првата половина од годината од 313 милиони евра - тврдат во Народната банка на Македонија.

Централните банки остваруваат приходи од државните девизни резерви. Со парите од резервите, НБМ тргува со девизи и ги инвестира во државни обврзници, злато и во депозити. Најголемиот дел од нив, 74 отсто во предминатата година и во првата половина лани беа инвестирани во обврзници на најбогатите држави со највисок кредитен рејтинг - САД, Англија, Германија, Холандија како и во Банката за меѓународни порамнувања во Базел.

Експертите се сомневаат дека големата загуба и падот на добивката е направена затоа што НБМ предвреме продавала државни обврзници. Според правилата, НБМ предвреме добива камата за купените обврзници. Ако не ги продаде хартиите од вредност за тргување пред истекот на нивно доспевање, кој го одредува државата-издавач, на централната банка и' е гарантирано дека ќе си ја добие назад сумата што ја вложила кога ја купила обврзницата.

До тој период на инвеститорите им се исплатуваат приноси. Кога каматните стапки на обврзниците растат, по правило приносите паѓаат. Затоа лани и годинава експертите ја советуваа НБМ да инвестира повеќе во злато и депозити и да ги намали обврзниците.

- Во 2009 година пред време се продадени шест хартии од вредност. На сите нив се реализирани позитивни ценовни промени - тврдат во НБМ.

Но, од таму не кажуваат колку тежеле тие обврзници. Во НБМ тврдат дека загубата од околу пет милиони евра се должи на тоа што лани, кога вредноста на обврзниците паѓаше, се стопи целата резерва што ја издвоила во 2008 година. Во предминатата година пазарната вредност на обврзниците драстично се зголеми, а со тоа и вредноста на девизните резерви на Македонија. Инвеститорите издвојуваат резерви за да ги покријат ценовните разлики кога обврзниците ќе паднат.

Поради високите буџетски дефицити државите и годинава ќе се позајмуваат преку државни обврзници. Тоа ќе создаде инфлација од обврзници на пазарот, па ќе се зголемат нивната камата и ризичноста, а ќе се намалат приносите. Затоа инвеститорите ја советуваат НБМ годинава да извлече поука од лани и помалку да инвестира во обврзници.

Девизните резерви се единствениот извор од кој Народната банка го брани стандардот на населението, контролирајќи ги инфлацијата и стабилноста на денарот. Освен што е должна да ја гарантира стабилноста на девизните резерви, НБМ е обврзана да ги оплодува бидејќи така државата добива повеќе девизи за да ја брани својата финансиска стабилност и независност.

На крајот од 2008 година девизните резерви на Македонија беа 1,495 милијарда евра, а шест месеци подоцна 1,2 милијарда евра. На крајот на јануари годинава тие се искачија на 1,675 милијарда евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik