Пад на економијата за 0,9% во првиот квартал

Bez autora
Jun 27 2010

Вкупната економија паѓа. Во првиот квартал од годинава статистика регистрираше пад од 0,9%. Лани истиот период падот изнесуваше 0,6%. Овој минус на бруто домашниот производ според експертите е показател дека рецесијата се уште е закана за економијата. Еве каде се, има најголем пад. Инвестиции минус - 46,6%, увозот се намалува -14,6%, финалната потрошувачка минус 1.6%. Статистика регистрирала пораст во секторите на земјоделство, јавна управа и одбрана, социјална заштита, образование. Владата лани беше принудена да објави рецесија. Економијата паѓаше - три квартали по ред - освен во последниот, во четвртиот, кога беше регистриран раст. Годинава и покрај ребалансот на буџетот владата останува на првичната проекција за раст на економијата од 2%. Сепак дел од економистите ја повикаа владата да ги преиспита овие проекции.

Пад на економијата за 0,9% во првиот кварталВкупната економија паѓа. Во првиот квартал од годинава статистика регистрираше пад од 0,9%.

Лани истиот период падот изнесуваше 0,6%. Овој минус на бруто домашниот производ според експертите е показател дека рецесијата се уште е закана за економијата. Еве каде се, има најголем пад.

Инвестиции минус - 46,6%, увозот се намалува -14,6%, финалната потрошувачка минус 1.6%. Статистика регистрирала пораст во секторите на земјоделство, јавна управа и одбрана, социјална заштита, образование.

Владата лани беше принудена да објави рецесија. Економијата паѓаше - три квартали по ред - освен во последниот, во четвртиот, кога беше регистриран раст. Годинава и покрај ребалансот на буџетот владата останува на првичната проекција за раст на економијата од 2%.

Сепак дел од економистите ја повикаа владата да ги преиспита овие проекции.

„Да не робуваме во вакви околности на нашите први прогнози. Значи можеме да ги ревидираме нашите први прогнози во зависност од околностите кои настанаа со глобалната криза“, изјави Благоја Спиркоски, универзитетски професор.

За разлика од владата - Народната банка предвидува раст на економија од 1% - со предупредување дека и оваа прогноза ја демнат ризици.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik