Податоци за потрошувачката на струја на 15 минути

Bez autora
Aug 09 2010

Сите посетители на www.mepso.com.mk можат во реално време да се информираат колкава е потрошувачката на електрична енергија во земјава. АД МЕПСО, Македонскиот електропреносен систем оператор, на редизајнираниот Интернет портал, постави дијаграм на кој во реално време се отчитува потрошувачката на струја на национално ниво. Дијаграмот црпи податоци од СЦАДА-системот за управување, контрола и прибирање податоци и отчитува нови податоци на секои 15 минути. За поголема прегледност и транспарентност дијаграмот ги прикажува моментните вредности на конзумот во мегават-часови електрична енергија, на секои два часа во текот на денот. Освен овој новитет, направена е промена и на визуелниот дел на порталот, коригирани се и обновени повеќе содржини. Фокусот беше ставен на јавните содржини што се од интерес на клиентите, но и на посетителите кои се информираат за активностите на МЕПСО. Поради тоа, главен приоритет беше содржините да бидат лесно пристапни, навигацијата на порталот да биде едноставна, а воедно, на лесно пристапни и уочливи места да се постават сите потребни информации, формулари и апликации за клиентите.

Податоци за потрошувачката на струја на 15 минутиСите посетители на www.mepso.com.mk можат во реално време да се информираат колкава е потрошувачката на електрична енергија во земјава.

АД МЕПСО, Македонскиот електропреносен систем оператор, на редизајнираниот Интернет портал, постави дијаграм на кој во реално време се отчитува потрошувачката на струја на национално ниво. Дијаграмот црпи податоци од СЦАДА-системот за управување, контрола и прибирање податоци и отчитува нови податоци на секои 15 минути. За поголема прегледност и транспарентност дијаграмот ги прикажува моментните вредности на конзумот во мегават-часови електрична енергија, на секои два часа во текот на денот.

Освен овој новитет, направена е промена и на визуелниот дел на порталот, коригирани се и обновени повеќе содржини. Фокусот беше ставен на јавните содржини што се од интерес на клиентите, но и на посетителите кои се информираат за активностите на МЕПСО. Поради тоа, главен приоритет беше содржините да бидат лесно пристапни, навигацијата на порталот да биде едноставна, а воедно, на лесно пристапни и уочливи места да се постават сите потребни информации, формулари и апликации за клиентите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik