Церемонија на која им се даде признание на дваесетте најуспешни извозници од земјоделскиот сектор, кои ги имаат зајакнато капацитети со помош на АгБиз програмата на УСАИД, се одржа денеска во Скопје. Директорот на Агбиз Џим Максвел информираше дека станува збор за проекти насочени кон зголемувањето на конкурентноста на македонските фирмите од земјоделскиот сектор, преку додавање на вредност на постојните производи, развој и проширување на извозните пазари и зголемување на капацитетите. Со помош на последните проекти на АгБиз, македонските компании од земјоделскиот сектор оствариле приходи од пет милиони евра, реализиран е извоз од неколку милиони евра, поттикнати с е нови инвестиции од 7,7 милиони евра, остварени се 561 директно вработување, а полза имале над 10.000 рурални семејства.
Церемонија на која им се даде признание на дваесетте најуспешни извозници од земјоделскиот сектор, кои ги имаат зајакнато капацитети со помош на АгБиз програмата на УСАИД, се одржа денеска во Скопје.
Директорот на Агбиз Џим Максвел информираше дека станува збор за проекти насочени кон зголемувањето на конкурентноста на македонските фирмите од земјоделскиот сектор, преку додавање на вредност на постојните производи, развој и проширување на извозните пазари и зголемување на капацитетите.
„Со помош на последните проекти на АгБиз, македонските компании од земјоделскиот сектор оствариле приходи од пет милиони евра, реализиран е извоз од неколку милиони евра, поттикнати с е нови инвестиции од 7,7 милиони евра, остварени се 561 директно вработување, а полза имале над 10.000 рурални семејства“, рече Максвел
Американскиот амбасадор Филип Рикер, кој имал можност да посети дел од овие капацитети со намера лично да се увери во реализацијата на програмата, изрази импресионираност од модерните преработувачки капацитети, но и од вкусните производите особено од ајварот, лутеницата и црвеното вино.
„Македонскиот земјоделски сектор, кој што учествува со речиси 16 отсто од БДП и вработува околу 25 отсто од населението, се уште има доволно простор за развој и освојување на пазари“, изјави Рикер.
Познавајќи го овој потенцијал УСАИД преку АгБиз програмата најде начин да го подржи македонскиот земјоделски сектор, додаде Рикер.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски изрази голема благодарност до УСАИД и нивната АгБиз програма за досегашните напори во осовременување на процесите за производство и преработка на земјоделските производи.
„Особено може да се истакне придонесот за промоција на вината, зајакнувањето на деловниот капацитет на македонските визби и на капацитетите за производство на свеж зеленчук и овошје и за преработката на шумски плодови“, рече Димовски.
Тој напомена дека предизвикот од глобализација е најголем во прехранбениот сектор, каде што јакнењето на конкурентноста зависи од сите чинители во примарното производство.