Понуди од шест компании за мемориски картички

Bez autora
Mar 28 2010

Вкупно шест компаниии и институции, со свои домашни и странски партнери доставија понуди на тендерот кој кон крајот на февруари го објави Министерството за транспорт и врски - за давање јавно овластување за вршење на работите за издавање на мемориски картички за дигитални тахографи, без кои, македонските патни превозници по 16 јуни годинава не ќе може да сообраќаат со своите камиони и автобуси во земјите на Европската унија. Понуди доставиле македонската транспортна асоцијација СИЗ Македонија сообраќај - АМЕРИТ, која конкурира заедно со хрватската државна Агенција за комерцијално работење и полската државна Агенција за издавање тахографски картички, потоа АСЕКО-СЕ заедно со српски и чешки партнер. Понуда достави и словенечки ЦЕТИС, со истоимената своја подружница во нашата земја СИВУС и романскиот партнер CERTSIGN.

Понуди од шест компании за мемориски картичкиВкупно шест компаниии и институции, со свои домашни и странски партнери доставија понуди на тендерот кој кон крајот на февруари го објави Министерството за транспорт и врски - за давање јавно овластување за вршење на работите за издавање на мемориски картички за дигитални тахографи, без кои, македонските патни превозници по 16 јуни годинава не ќе може да сообраќаат со своите камиони и автобуси во земјите на Европската унија.

Како што се дознава, понуди доставиле македонската транспортна асоцијација СИЗ Македонија сообраќај - АМЕРИТ, која конкурира заедно со хрватската државна Агенција за комерцијално работење и полската државна Агенција за издавање тахографски картички, потоа АСЕКО-СЕ заедно со српски и чешки партнер. Понуда достави и словенечки ЦЕТИС, со истоимената своја подружница во нашата земја СИВУС и романскиот партнер CERTSIGN. Понудата на Аутомакедонија е со францускиот партнер Chronoservice, како и ВИСТА со романски партнер.

Неофицијално, според информациите со кои располагаме, понудата на СИЗ Македонија сообраќај - АМЕРИТ е единствена комплетна, а со тоа и најповолна, согласно строгите тендерски критериуми и услови, поставени од Министерството за транспорт и врски. Некои од подносителите на пример, не доставиле доказ за бројот на вработени со комплетно платени придонеси, или немаат податоци за расположив простор за вршење на дејноста за која конкурираат, или,пак, нивните понуди содржат скриени трошоци, што подоцна може да ја обременуваат крајната цена на мемориските картички. Евалуацијата на понудите ќе трае до крајот на март, односно почетокот на април.

Мемориските картички, што возачите ќе мора да ги внесат во тахографот, кога ќе го стартуваат возилото, ќе го снимаат и меморираат времето на возење на возачите, кое не смее да биде подолго од осум часа на ден.

Тахографот има и печатач, со што инспекциите лесно ќе можат да дојдат до снимените информации дали транспортерот отстапил од законот, а тој претставува шах-мат и за манипулациите на возачите пред газдите на возилото.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik