Поради долгови кон Фондот за пензиско блокирани 4.000 компании

Bez autora
Jun 27 2010

Фондот за пензиско ги блокираше жиро сметките на 4.000 компании. Стартуваше со присилна наплата на долговите. Истото ги очекува вкупно 20 илјади фирми, на кои веќе им се испратени решенија за задолжување. Овие компании на Фондот му должат околу 20 милиони евра. Станува збор за стари долгови направени до 2008. година за неплатени придонеси. Но, стопанството реагира на ваквиот потег на државата, особено бидејќи се случува во време кога фирмите се борат со дневната ликвидност, а и самата држава доцни со исплата на сопствените обврски кон приватниот сектор. Државата на стопанството му должи 165 милиони евра, од кои - 100 милиони евра се долг на државата за веќе завршени работи од страна на приватните компании и уште 65 милиони евра државен долг кон приватниот сектор по основ на поврат на ДДВ.

Поради долгови кон Фондот за пензиско блокирани 4.000 компанииФондот за пензиско ги блокираше жиро сметките на 4.000 компании.

Стартуваше со присилна наплата на долговите. Истото ги очекува вкупно 20 илјади фирми, на кои веќе им се испратени решенија за задолжување. Овие компании на Фондот му должат околу 20 милиони евра.

Станува збор за стари долгови направени до 2008. година за неплатени придонеси. Фондот за пензиско ја потврди информација на А1 и велат дека постапувале законски.

Но, стопанството реагира на ваквиот потег на државата, особено бидејќи се случува во време кога фирмите се борат со дневната ликвидност, а и самата држава доцни со исплата на сопствените обврски кон приватниот сектор.

Според информациите на А1, државата на стопанството му должи 165 милиони евра, од кои - 100 милиони евра се долг на државата за веќе завршени работи од страна на приватните компании и уште 65 милиони евра државен долг кон приватниот сектор по основ на поврат на ДДВ. Власта упорно молчи за долговите.

„Ние се трудиме на сите да им плаќаме, се трудиме и навреме, некогаш има мали задоцнувања но, веднаш по кратко време се средуваат и тие работи и ни приближно нема таква бројка каква што беше спомената. Не ја знам точно сумата, нешто многу малку и кратко време доцнење“, вели Груевски.

Се погласни се компаниите, кои велат градежниот бум државата го прави на вересија.

„Во најголем дел сите се жалат и на ненавремено и не плаќање на доспеани побарувања од страна на државата“, вели Никола Велковски, Здружение на градежници ССК.

Неможноста на владата да ги плаќа обврските излезе на виделина. Дел од проектите запираат. Први на удар беа археолошките истражувања кои запреа. Ребалансот пак скуси голем дел од капиталните инвестиции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik