"Раде Кончар" - ТЕП со нова машина од 750.000 евра

Bez autora
Jun 24 2010

Нова технологија во производството на метални и неметални површини од вчера е воведена во компанијата Раде Кончар" - ТЕП. Инвестицијата е вредна околу 750.000 евра и е реализирана преку кредитната линија од Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот. На пуштањето во погон на новата технологија, министерот за економија, Фатмир Бесими, рече дека средствата од оваа кредитна линија се наменети за новата машина за производство на метални и неметални површини, но и за складишен систем за заштита на животната средина, односно за загревање на халата. Едната машина е од јапонско производство и е дваесет и седма таква во светот, а прва во регионот. Инвестициите што се вложени во Раде Кончар" ТЕП за последниве четири години достигнуваат четири милиони евра. Според министерот новата инвестицијата ќе значи подобрување на конкуреноста и ќе освои нови пазари, но и поттик и за другите стопанственици да вложуваат во нова технологија.

"Раде Кончар" - ТЕП со нова машина од 750.000 евраНова технологија во производството на метални и неметални површини од вчера е воведена во компанијата Раде Кончар" - ТЕП.

Инвестицијата е вредна околу 750.000 евра и е реализирана преку кредитната линија од Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот. На пуштањето во погон на новата технологија, министерот за економија, Фатмир Бесими, рече дека средствата од оваа кредитна линија се наменети за новата машина за производство на метални и неметални површини, но и за складишен систем за заштита на животната средина, односно за загревање на халата.

- Едната машина е од јапонско производство и е дваесет и седма таква во светот, а прва во регионот. Инвестициите што се вложени во Раде Кончар" ТЕП за последниве четири години достигнуваат четири милиони евра - рече Бесими додавајќи дека со последната инвестиција Раде Кончар" - ТЕП се вбројува во фабриките со врвна технологија.

Според министерот новата инвестицијата ќе значи подобрување на конкуреноста и ќе освои нови пазари, но и поттик и за другите стопанственици да вложуваат во нова технологија.

Раде Кончар" - ТЕП воедно е и прв корисник на средства од кредитната линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка, што ја зеде државата за да му помогне на стопанството поради кризата. За Бесими ова е конкретен пример за ефектите од антикризните мерки што ги спроведе Владата.

Директорот на Раде Кончар" - ТЕП, Ацо Антевски, е задоволен што новата инвестиција е реализирана во услови на економска криза. Антевски нагласи дека македонската економија е излезена од кризата и има тренд на зголемување на производството.

- Растот е видлив, стопанството се движи, бидејќи нашите партнери од странство веќе имаат нарачки - истакна Антевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik