Технички преглед еднаш на две години

Bez autora
Aug 08 2010

Според МВР, само возилата што се купени по 17 јуни годинава, кога стапи во сила Законот, ќе прават технички преглед еднаш на две години. Возила што не се постари од осум години ќе прават технички преглед еднаш на две години. Ова се предвидува со Закон за возилата и според Министерството за внатрешни работи, важи само за возилата што се купени по 17 јуни годинава, денот кога овие законски одредби стапија во сила. Сите сопственици на возила купени пред овој датум, а понови од осум години, ќе плаќаат за технички преглед секоја година. Собранието го изгласа Законот во ноември 2008 година, а правилниците стапија во сила дури минатиот месец. Граѓаните се жалат дека вработените во станиците на техничкиот преглед не ги информираат, ниту пак има на шалтерите или на огласните табли испечатена информација дека техничкиот преглед за нови возила се прави на две години, со што би заштедиле околу 1.500 денари...

Технички преглед еднаш на две годиниСпоред МВР, само возилата што се купени по 17 јуни годинава, кога стапи во сила Законот, ќе прават технички преглед еднаш на две години.

Возила што не се постари од осум години ќе прават технички преглед еднаш на две години. Ова се предвидува со Закон за возилата и според Министерството за внатрешни работи, важи само за возилата што се купени по 17 јуни годинава, денот кога овие законски одредби стапија во сила.

Сите сопственици на возила купени пред овој датум, а понови од осум години, ќе плаќаат за технички преглед секоја година. Собранието го изгласа Законот во ноември 2008 година, а правилниците стапија во сила дури минатиот месец.

Граѓаните се жалат дека вработените во станиците на техничкиот преглед не ги информираат, ниту пак има на шалтерите или на огласните табли испечатена информација дека техничкиот преглед за нови возила се прави на две години, со што би заштедиле околу 1.500 денари.

Вчера во нашата редакција дојдоа двајца сопственици на нови возила за кои важеле различни правила. Едниот платил за технички преглед иако вози ново возило, а на другиот, откако реагирал, му било речено дека станува збор за „техничка“ грешка.

- Немав поим дека не треба да платам за технички преглед. Никој не ме информира ниту, пак, ми рече дека ќе поминам поевтино. За новите законски одредби ми кажа еден пријател. Ова е грабеж од страна на станиците за технички преглед, кои на ваков начин го кршат Законот - вели скопјанецот Александар.

Од давачката за технички преглед се спасуваат возачите што имаат пријател што работи во станиците за контрола на автомобилите.

- Во станицата работи еден мој познајник и тој ми кажа дека не мора да поминам на технички преглед зашто се сменил Законот. Никаде немаше јавно соопштение дека ново возило треба еднаш на две години да помине на технички преглед - вели нашиот соговорник.

Во станиците за технички преглед, откако ги информиравме дека има двоен аршин за граѓаните со нови возила, речиси сите имаа идентичен одговор.

- Најверојатно станува збор за техничка грешка. Ние работиме според Законот. Ако има оштетени граѓани, може да дојдат и ќе им бидат вратени парите - велат во станиците за технички преглед.

На прашањето зошто јавно не ја објават регулативата, ни рекоа дека нема потреба бидејќи нивните службеници ги известуваат граѓаните кои не треба да плаќаат и за тоа добивале посебни формулари.

Во Министерството за внатрешни работи велат дека ќе извршат контрола во станиците за технички преглед и ќе проверат дали правилникот се спроведува согласно Законот.

- Сите неправилности ќе се санкционираат согласно Законот. Станиците се должни да ги информираат граѓаните и да го спроведуваат Законот - велат во МВР.

Сопствениците на новите возила, како и останатите, и понатаму имаат обврска да ги регистрираат секоја година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik