Македонското стопанство во првите 6 месеци од годинава почна да заздравува. Тоа го покажуваат и последните статистички податоци според кои обемот на стоковната размена на РМ од јануари до јуни годинава е за 10,3 отсто поголем во однос на истиот период лани. Kако што информираат од Државниот завод за статистика вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари-јуни година изнесува 1,436 милијарди американски долари, а на увозот 2,44 милијарди. Покриеноста на увозот со извоз е 58,8 проценти, а трговскиот дефицит во првите 6 месеци од годинава е 1,004 милијарди долари. Најмногу се извезуваат производите од железо и челик и тоа валаните производи, облеката, фероникелот и преработките од нафта, а најмногу се увезуваат суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија...
Македонското стопанство во првите 6 месеци од годинава почна да заздравува. Тоа го покажуваат и последните статистички податоци според кои обемот на стоковната размена на РМ од јануари до јуни годинава е за 10,3 отсто поголем во однос на истиот период лани.
Како што информираат од Државниот завод за статистика вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари-јуни година изнесува 1,436 милијарди американски долари, а на увозот 2,44 милијарди.
Покриеноста на увозот со извоз е 58,8 проценти, а трговскиот дефицит во првите 6 месеци од годинава е 1,004 милијарди долари.
Најмногу се извезуваат производите од железо и челик и тоа валаните производи, облеката, фероникелот и преработките од нафта, а најмногу се увезуваат суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
Во првото полугодие годинава најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 и тоа 61,6 отсто и земјите од Западен Балкан со 31,2 процента. Во увозот, пак, најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 -52,6 отсто и земјите во развој - 28,2 процента.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, РМ најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Русија и Бугарија и околу 43,7 отсто од вкупната надворешно -трговска размена се врши токму со овие пет земји.