Владата до крајот на август почетокот на септември ќе донесе одлука за тоа дали ќе се укине доплатата за зелен картон, како што во петок побараа камионџиите, најави премиерот Никола Груевски. Владин тим веќе има добиено задача да врши анализи и да бара опции кои ќе бидат важни не само за камионџиите, туку и за граѓаните и се чини дека до крајот на август, почетокот на септември ќе се разговара во владата за тоа и ќе се донесат некакви заклучоци и решенија. Тогаш ќе излеземе со нешто конкретно. Независниот синдикат на камионските транспортери Макамтранс упати ултимативно барање до Владата за конечно укинување на доплатата за добивање на зелен картон. Во однос на пролонгирањето на рокот за законот за домување, Владата сè уште нема дискутирано за ова. Владата нема расправано за законот за домување и не би сакал да прејудицирам никаков одговор пред Владата да го дискутира тоа.
Владата до крајот на август почетокот на септември ќе донесе одлука за тоа дали ќе се укине доплатата за зелен картон, како што во петок побараа камионџиите, најави премиерот Никола Груевски.
„Владин тим веќе има добиено задача да врши анализи и да бара опции кои ќе бидат важни не само за камионџиите, туку и за граѓаните и се чини дека до крајот на август, почетокот на септември ќе се разговара во владата за тоа и ќе се донесат некакви заклучоци и решенија. Тогаш ќе излеземе со нешто конкретно“ изјави Груевски.
Независниот синдикат на камионските транспортери Макамтранс упати ултимативно барање до Владата за конечно укинување на доплатата за добивање на зелен картон.
Во однос на пролонгирањето на рокот за законот за домување, Владата сè уште нема дискутирано за ова.
„Владата нема расправано за законот за домување и не би сакал да прејудицирам никаков одговор пред Владата да го дискутира тоа“ изјави Груевски.