Во Македонија невработеноста порасна само за 1%

Bez autora
Jun 27 2010

Македонија не е рекордер во светот според стапката на невработеност. Услови на светска криза Македонија е една од ретките земји во светот кај која стапката на невработеност порасна само еден процент. Во останатите земји од регионов, а и во развиените европски држави, стапката на невработеност поради кризата достигна многу повисок процент. Во најголемата економска криза од нејзиното осамостојување и затоа статистичките податоци покажуват зголемување на невработеноста. За разлика од порано, кога невработеноста беше 38 проценти, ние успеавме и покрај економската криза стапката да ја намалиме под 32 отсто и токму затоа не се сложувам со тоа дека земјава е со најголема стапка на невработеност. Тој укажа дека Владата има усвоено Национална стратегија за подобрување на вработеноста и таа веќе дава добри резултати. Бајрами вели дека тоа значи дека земајва годинава ќе ја преброди кризата и додава дека кај другите земји оваа стапка на невработеност повеќе пораснала, а невработеноста е проблем со кој се соочуваат и најразвиентие европски земји.

Во Македонија невработеноста порасна само за 1 %Македонија не е рекордер во светот според стапката на невработеност.

Ова вчера го потенцираше министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, на официјалното врачување на решенијата за утврдување на национална репрезентативност на Сојузот на синдикатите на РМ (ССМ), Конфедерацијата на слободните синдикати (ККС) и на Организацијата на работодавачи на Македонија. Според него во услови на светска криза Македонија е една од ретките земји во светот кај која стапката на невработеност порасна само еден процент.

- Во останатите земји од регионов, а и во развиените европски држави, стапката на невработеност поради кризата достигна многу повисок процент - истакна Бајрами.

Според министерот Македонија годинава е во најголемата економска криза од нејзиното осамостојување и затоа статистичките податоци покажуват зголемување на невработеноста.

- За разлика од порано, кога невработеноста беше 38 проценти, ние успеавме и покрај економската криза стапката да ја намалиме под 32 отсто и токму затоа не се сложувам со тоа дека земјава е со најголема стапка на невработеност - вели Бајрами.

Тој укажа дека Владата има усвоено Национална стратегија за подобрување на вработеноста и таа веќе дава добри резултати. Бајрами вели дека тоа значи дека земајва годинава ќе ја преброди кризата и додава дека кај другите земји оваа стапка на невработеност повеќе пораснала, а невработеноста е проблем со кој се соочуваат и најразвиентие европски земји.

Живко Митревски, в.д. претседател на ССМ, најави дека Синдикатот ќе поднесе соодветни предлози до Владата за намалување на невработеноста. Со неговиот став се согласи и Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачи на РМ, кој нагласи дека функцијата на работодавачите не е да се биде опозиција, туку да и предлага на Владата што побргу да се излезе од кризата.

- Ние сметаме дека во моментов рецесијата е прилично остра и дека таа и во иднина ќе се задржи. Поврзани сме со светот преку нашите нарачки, а потрошувачката во Европа се преполовува - вели Стојановски.

Според него во моментов не може да се зборува за нови вработувања, но смета дека заедно со Владата и ресорните министерства ќе се најдат соодветни решенија.

Министерот Бајрами вчера потпиша и Спогодба за конституирање економски социјален совет, што треба да профункционира во рок од 30 дена. Стојановски смета дека со потпишувањето на оваа спогодба почнува нова соработка со Владата, бидејќи формирањето на Советот е значајно и за економската и за социјалната сфера особено во донесувањето на заедничките ставови и решенија. Изминативе две години ЕСС речиси и да не функционираше.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik