Во штипската населба „Сењак“ ќе се гради современ трговски центар, над кој е предвидена и изградба и на станбена зграда. Драган Ристов од центарот за односи со јавност во општина Штип, информира дека на лицитацијата за државно градежно земјиште во Министерството за транспорт и врски е продадена парцела на која, според деталниот урбанистички план (ДУП), е предвидена изградба на деловен и на станбен простор. „Парцелата Б-196 е со површина од 2.237 квадратни метри, почетната цена на наддавањето беше 2.800 денари за квадратен метар, на крајот од лицитацијата е постигната цена од над 100.000 евра, а за неа беа заинтересирани четири фирми“, вели Ристов...
Во штипската населба „Сењак“ ќе се гради современ трговски центар, над кој е предвидена и изградба и на станбена зграда.
Драган Ристов од центарот за односи со јавност во општина Штип, информира дека на лицитацијата за државно градежно земјиште во Министерството за транспорт и врски е продадена парцела на која, според деталниот урбанистички план (ДУП), е предвидена изградба на деловен и на станбен простор.
„Парцелата Б-196 е со површина од 2.237 квадратни метри, почетната цена на наддавањето беше 2.800 денари за квадратен метар, на крајот од лицитацијата е постигната цена од над 100.000 евра, а за неа беа заинтересирани четири фирми“, вели Ристов.
По неколку неуспешни лицитации за продажба на државно градежно земјиште, оваа е успешна, бидејќи парцелата предвидува и трговски центар и станбена зграда и се наоѓа на атрактивна локација во една од најголемите населби во Штип.