Земјоделците бараат 12 денари за килограм пченица, преработувачите нудат осум

Bez autora
Jun 27 2010

Производителите и преработувачите во понеделник ќе ја договараат откупната цена на пченицата. Првите бараат најмалку 12 денари, а за вторите оптимална сума е седум до осум денари. Ако анализирате со која цена влегува брашното и колкава е цената на лебот, тогаш откупната цена на пченицата би требало да биде седум до осум денари. Земјоделците сметаат дека годинава цената на пченицата не смее да биде под 12 денари. Со ова не сакаме мелничарите да пропаднат, ниту да стават клуч на своите капацитети. Едноставно бараме да се спречи увозот на евтино брашно од Србија и од другите 10 земји со кои Македонија во 2003 година склучи договори за слободна трговија. Цената на лебот која деновиве дел од преработувачите ја зголемија, за Стојчев е се уште премногу ниска.

Земјоделците бараат 12 денари за килограм пченица, преработувачите нудат осумПроизводителите и преработувачите во понеделник ќе ја договараат откупната цена на пченицата.

Првите бараат најмалку 12 денари, а за вторите оптимална сума е седум до осум денари.

-Ако анализирате со која цена влегува брашното и колкава е цената на лебот, тогаш откупната цена на пченицата би требало да биде седум до осум денари - изјави Благој Стојчев, сопственик на мелница "Стојчев" и претседател на Групацијата мелничари во Стопанската комора.

Земјоделците сметаат дека годинава цената на пченицата не смее да биде под 12 денари.

-Со ова не сакаме мелничарите да пропаднат, ниту да стават клуч на своите капацитети. Едноставно бараме да се спречи увозот на евтино брашно од Србија и од другите 10 земји со кои Македонија во 2003 година склучи договори за слободна трговија - изјави Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.

Цената на лебот која деновиве дел од преработувачите ја зголемија, за Стојчев е се уште премногу ниска.

-Не може да се зборува за поскапување на лебот, туку за поскапување на инпутите. Увозот на брашно од Србија значително влијае врз цената на лебот и пченицата, но влијанието е многу поголемо кога брашното влегува без дозвола. Бесмислено е брашно да се купува и продава по 10 до 11 денари. Сепак, Законот за земјоделство ќе го регулира сето тоа - рече Стојчев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik