Македонија со најголема инфлација и најмал раст на економија во регионот

Bez autora
Sep 04 2022

Со владата предводена од антимакедонската СДС економијата тоне. Последните податоци за стапката на инфлација во Македонија се поразувачки.

Македонија има инфлација која е највисока во регионот и меѓу највисоките во Европа. Македонија според податоците за месец јули има инфлација од 16% што е повисоко од стапките на инфлација на Србија (12,8%), Бугарија (14,9%), Црна Гора (14,9%), Грција (11,3%), Хрватска (12,7%), Албанија (7,5%), се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека ова покажува дека во кај нас граѓаните осиромашуваат многу повеќе од било која друга земја поради криминалната и неодговорна власт предводена од Ковачевски.

- Дека состојбата е очајна говори и фактот што Македонија и во друг сегмент има еден од најлошите економски резултати, а тоа е растот на БДП во второто тромесечие од 2022 година. Македонија има раст од само 2,8% што е два до три пати полошо од сите балкански економии.

Стандардот на народот пропаѓа, цените на основните животни продукти расте за 50 до 100%, стопанството замира, а само криминалот и коруптивните зделки на власта растат. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik