Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Државниот архив

Bez autora
Oct 24 2023

Еден од резултатите на Меморандумот за соработка, склучен помеѓу Народната банка и Државниот архив, ќе биде истражувањето на архивските фондови во Државниот архив коишто се однесуваат на банките и банкарските организации значајни за стопанскиот развој на нашата држава низ историјата.

Како што известува Народната банка, со Меморандумот се обезбедува натамошно зацврстување и проширување на соработката и се определува сферата на заеднички интереси во истражувањето, собирањето, обработувањето, евидентирањето, чувањето и промовирањето на архивскиот материјал значаен за централнобанкарската историја, за финансиските состојби, за развојот на банкарството и економијата во државата. Со официјализирањето на заемната соработка, двете институции ја истакнуваат заложбата за промовирање на архивските материјали како позитивен пример на општествена одговорност, на етички и професионален однос.

Соработката на Народната банка со Државниот архив на Република Северна Македонија придонесува и кон зачувување на економската историја, како корисна алатка за финансискиот сектор којашто може да придонесе за подобрување на благосостојбата во општеството, но и како колективна меморија и културно наследство, се додава во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik