Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска во Виена учествуваше на 20. Министерски состанок на Енергетската заедница.
Со состанокот претседаваше Јарослав Демченков, заменик-министер за енергетика на Украина како земја преседавач со Енергетската заедница, а свое обрќање имаа и Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина преку онлајн врска и Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика на Европската Унија.
На состанокот се дискутираше за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница.
Главен фокус на разговор помеѓу министерите за енергетика беше енергетската криза, војната во Украина, безбедност во снабдувањето со енергенси, новото законодавство во енергетскиот секор, како и остварувањето на климатските цели.
На Министерскиот состанок беа усвоени измените на Пакетот за чиста енергија во која се содржани тргетите на секоја држава во согласност со нивните национални планови.
Беше усвоен и годишниот извештај за имплементација каде што беше нотиран напредокот на Северна Македонија во реформите во енергетскиот сектор.
Министерот Бектеши на состанокот информираше дека и покрај енергетската криза, Владата паралелно активно работи на енергетска транзиција во зелена енергија, односно на искористување на сонцето, ветерот и водата за постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен кон производство на електрична енергија од обновливи извори.
Министерот потенцираше дека еден од најзначајните сектори за развој на економијата, а приоритетите на Владата се обезбедувањето на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија.
Министерот Бектеши во своето обраќање даде целосна поддршка за Украина која е земја членка на Енергетската заедница.
“Северна Македонија целосно ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија и ќе ги поддржи сите санкции кои ќе бидат превземени во иднина. Ние како држава даваме целосна поддршка за Украина и воено и финансиски” кажа министерот Бектеши.
За следна земја преседавач со Енергетската заедница во 2023 година беше избрана Албанија.