Почна ремонтот на Блокот 1 на РЕК „Битола“ – во функција РЕК „Осломеј“

Bez autora
Sep 19 2022

Почна ремонтот на Блокот 1 на РЕК „Битола“. Од денес, па во следните триесетина дена, на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона, соопштија од ЕСМ.

„Поради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блокот 1 на РЕК ‘Битола’ ќе се изведува пократко од вообичаениот период.

Потребите за електрична енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денес во погон е ставен РЕК ‘Осломеј’, а од 22 септември почнува со работа и ТЕЦ ‘Неготино’“, наведуваат од компанијата.

По завршувањето на ремонтот на Блокот 1, како што се додава, планирани се ремонтни активности и на Блокот 2, а Блокот 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik