Шкријељ: 3,2 милиони евра поддршка за граѓаните за справување со енергетската криза

Bez autora
Feb 09 2023

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да се грижи за стандардот на сите граѓани преку мерки за помош при справување со последиците од енергетската криза.

За таа цел, во буџетот на Министерството за економија обезбедени се 200 милиони денари, односно речиси 3,2 милиони евра. Продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории граѓани за што предвидени се 60 милиони денари или околу еден милион евра, изјави на денешната прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

Таа додава дека со оваа мерка од 600 до 800 денари месечно ќе се субвенционираат сметките за струја на домаќинствата со ниски примања. Јавниот повик е веќе објавен на официјалната страница на Министерството и сите што ги исполнуваат условите може да аплицираат до крајот на февруари.

Шкријељ наведе дека минатата година преку оваа мерка беа субвенционирани 4.379 домаќинства и исплатени се вкупно 33 милиони денари. Оваа година мерката е проширена со други социјално ранливи категории на лица, како што се корисници на правото на надоместок поради попреченост, самохрани родители, кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, и корисници на право на надомест за телесно оштетување.

Таа додава дека оваа година продолжува и финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци. Со ваквите инвестиции во обновливи извори се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза.

За овие три мерки предвидени се вкупно 70 милиони денари или 1,15 милион евра, рече Шкријељ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik