Ocenite tekst
ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20ч и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90MW по котел.
Во моментот произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот.
Вкупниот капацитет за производство на ТЕЦ Неготино изнесува 180MW, односно инсталиран капацитет колку што има еден блок на РЕК Битола.
Ремонтните и сервисните активности завршија пред 24 часа, по што се пристапи кон вклучување на електраната.
По изградбата на ТЕЦ Неготино во 1978г, ова беше прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.