Бочварски: Завршивме успешно уште еден проект во Берово

Bez autora
Aug 07 2023

Завршивме со комплетна реконструкција на регионалниот пат од Берово до насленото место Владимирово, со што направивме одличен проект за жителите на Владимирово и верувам дека со ова ќе придонесеме за подобар живот на локалното население, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Берово.

Министерот заедно со градоначалникот Звонко Пекевски изврши увид во завршениот регионален пат, во должина од 5,5 километри и инвестиција од 45 милиони денари, средства обезбедни од централниот буџет.

„Направивме добар проект за граѓаните на Владимирово и веруваме дека со ваквите проекти даваме сериозeн придонес за задржување на граѓаните во насeлените места. И ова го правиме сѐ со цел да придонесеме за подобра инфраструктура, побезбеден сообраќај и поврзување со другите населени места. Ведувам дека со оваа инвестиција од над 45 милиони денари реализиравме многу значаен проект. Остануваат да се завршат уште неколку технички зафати, да се постави сообраќајна сигнализација и рабници и со тоа ќе завршиме уште еден инфраструктурен проект“, изјави Бочварски.

Завршена е реконструкцијата на патните правци кон Струмица и Виница, комплетно го рехабилитиравме патниот правец од Берово кон ГП Клепало, ја реализиравме и изградбата на фекалната канализација во туристичката населба на Беровското Езеро, во селото Ратево го изградивме водоснабдителниот систем, а сега таму почнуваме и со реконструкција на улицата Илинденска. Верувам дека граѓаните ги препознаваат сите овие проекти бидејќи веќе ги чувствуваат придобивките од нив, додаде Бочварски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik