„Лидл“ е новата германска инвестиција, вредна 80 милиони ера

Bez autora
Jan 28 2024

Економските мерки и политики на СДСМ создаваат услови за нови инвестиции, поволен деловен амбиент за инвеститорите и нови и подобро платени работни места. Потврда е влегувањето на македонскиот пазар на трговскиот синџир ‘Лидл’, препознатлив во регионот и светот по својот квалитет и цена, соопшти СДСМ.

„Со инвестиција од 80 милиони евра во изградба на современ логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона во кумановска Речица, ‘Лидл’ планира најголема и долгорочна инвестиција во државава.

Вакви големи инвестиции го поттикнуваат развојот на економијата, носат нови добро платени работни места за граѓаните.

СДСМ продолжува со успешните економски политики, кои создаваат стабилна, развојна и динамична економија, привлечна дестинација за инвеститорите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik