Со 12,5 милиони денари годинава ќе се субвенционира обновата и развојот на селата.
Парите се наменети за изработка на урбанистички планови, улици, плоштади или шеталишта во населени средини до 30.000 жители. Најголем дел од предвидените средства се за исплата на веќе почнати инвестиции …
За изработка на урбанистички планови, за изградба или реконструкција улици и атмосферска канализација во должина до 1 километар како и за изградба на плоштади, зелени површини и шеталишта во селски средини до 30.000 жители, годинава се планирани 12,5 милиони денари.
Корисници на средствата се руралните општини, локалната самоуправа на чија територија се наоѓаат селата и Центрите за развој на планските региони.
Неповратната финансиска поддршка се доделува во висина од 100 проценти од вкупната вредност на прифатливите трошоци.
По барање на корисникот може да се изврши и авансна исплата во висина од 20 проценти од вредноста на одобрените трошоци или на две рати, а може и согласно со фазите на реализација на инвестицијата.
Најголем дел од овие пари се наменети за заостанатите обврски од претходните години, односно парите ќе се користат плаќање на долговите за веќе почнати проекти кои треба да се реализираат во текот на оваа година.