Рекорден прв квартал и раст на работни места во ТИРЗ

Bez autora
Apr 11 2023

Во првиот квартал од 2023 година извозот од индустриските зони достигна 951,6 милиони евра што е највисоко ниво досега во последниве пет години.

Анализата на ТИРЗ покажува дека тоа е пораст од речиси 12% во однос на истиот период лани и над 22% во однос на 2021г. Во однос на првиот квартал од 2020 извозната активност на компаниите е зголемена за дури 59%, во однос на 2019 за 37%, односно за 72% во однос на 2018, соопштуваат оттаму.

На месечно ниво вкупниот извоз од зоните во март достигна 345 милиони евра, што е за 31% повисоко споредено со март 2022.

И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво досега во однос на споредбата по квартали во изминативе пет години. Така увозот во првиот квартал од годинава достигна 770 милиони евра и е за 3,5% повисок од првиот квартал лани, и речиси 5% повисок споредено со првиот квартал во 2021 година. Дури 40% е порастот на увозот во однос на 2020, додека споредно со првиот квартал 2019 година увозот пораснал за 21%, односно 57% однос на 2018.Во зоните во март месечниот увоз во ТИРЗ е на ниво од 279 милиони што е за 17% повеќе во однос на март лани. Анализата покажува дека во третиот месец од годинава е регистрирано и високо ниво на нето извозот од 23,4%.

Анализата покажува и дека продолжува растот на бројот на вработени кој во март достигна највисоко ниво досега. Во компаниите во ТИРЗ работат 16.650 наши сограѓани што е за речиси 15% повеќе во однос на истиот период лани. Само со почетокот на годинава над 260 наши сограѓани се вработиле во компаниите во ТИРЗ, велат од ТИРЗ.

Се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што ТИРЗ во последниве две години се постигнати договори во вкупен обем од над 620 милиони евра и истите треба да донесат над 5000 нови работни места.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik