Премиерот Христијан Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии што ќе отвори 700 нови вработувања.
Инвестицијата, според премиерот, ќе изнесува 60 до 65 милиони евра.
– Веќе утре, по напорна двомесечна работа и отстранување на сите недостатоци што се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување камен-темелник на компанија што доаѓа од Германија. Инвестицијата е 60 до 65 милиони евра, ќе се произведуваат литиумски батерии и ќе се отворат околу 700 нови вработувања. Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата, односно дефицитот меѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува БДП. Да почекаме до утре, па македонската јавност ќе биде сведок утре – рече Мицкоски.