Пазарот е преплавен со мед со сомнително потекло

Bez autora
Oct 13 2024

Бројни се предизвиците со кои се соочуваат пчеларите. Климатските промени, загадувањето но и нелојалната конкуренција, се главни причини за намалување на приносите на мед во последните години, пренесува МТВ.

Допололнителен проблем претставува што пазарот е преплавен со мед со сомнително потекло и многу ниска цена, поради што не можат да ги продадат и оние мали количини мед што ги произведуваат, истакнаа пчеларите на манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“ во Битола.

„Мали приноси, ниска цена и големи проблеми имаме“ вели Тања Исовска, која цел живот се занимава со производство на мед. Во минатото од едно стационирано пчелно семејство имало и до 80 килограми мед, оваа година од 8 до10 килограми.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството им порачаа на пчеларите, да ги користат советодавните услуги кои ги нудат, со цел максимално искористување на мерките за финансиска поддршка кои ги предлага Владата.

Македонското пчеларство е во критична состојба, за да може да опстане потребно е соработка на пчеларите и институциите, поголеми контроли како и подигнување на свеста кај потрошувачите за купување квалитетен домашен мед.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik