Пребивање на субвенции со долгови

Bez autora
Dec 05 2024

Земјоделските стопанства имаат можност за пребивање на неплатените сметки. Доколку должат за закуп на државно земјоделско земјиште, пашарина или водарина, парите, со нивна согласност, во соодветниот износ можат да се наплатат од финансиската поддршка …

Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на финансиска поддршка.

Барателот ќе треба да поднесе изјава во рок од 20 дена од денот на известувањето од страна на платежната агенција за неплатените долгови. Во случај кога барателот нема да достави согласност, одобрената помош што им следува не се исплаќа.

Доколку износот на финансиска поддршка на корисникот не е доволна за намирување на сите обврски, наплатата ќе се врши по одреден редослед, и тоа прво за закуп, потоа за меѓународна помош, за водарина и за пасишта.

Ресорното министерството до платежната агенција доставува податоци за ненамирени финансиски обврски до 15 јануари 2024 година.

Едно земјоделско стопанство вкупно по сите основи не може да добие повеќе од 18 милиони и 450 илјади денари државна поддршка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik