Група украински бизнисмени предводени од Василиј Микулин кој е почесен конзул на Украина во Македонија и сопственик на хотелиерската компанија "Риксос груп", ги скенираат можностите за инвестиции во земјава. Интересот од нивна страна е голем за туризмот и луксузното хотелиерството, за можностите што ги нудат технолошко индустриските развојни зони во земјава, за земјоделскиот сектор, како и за експлоатација на минерални суровини... Според Бил Павлески, министер за странски инвестиции, на украинската делегација им се претставени можностите за инвестирање во земјава во повеќе сектори, бидејќи украинските бизнисмени сакаат да го прошират својот пазар ширум Европа, а тоа да се реализира преку Македонија. Интересот е голем и за изградба на луксузни хотели, но, како што објасни Павлески, за украинските бизнисмени не е важно само бизнис-климата и условите што се нудат, туку и бројот на туристи кои ја посетуваат земјава, а бараат луксузни услуги.
Група украински бизнисмени предводени од Василиј Микулин кој е почесен конзул на Украина во Македонија и сопственик на хотелиерската компанија "Риксос груп", ги скенираат можностите за инвестиции во земјава.
Интересот од нивна страна е голем за туризмот и луксузното хотелиерството, за можностите што ги нудат технолошко индустриските развојни зони во земјава, за земјоделскиот сектор, како и за експлоатација на минерални суровини...
Според Бил Павлески, министер за странски инвестиции, на украинската делегација им се претставени можностите за инвестирање во земјава во повеќе сектори, бидејќи украинските бизнисмени сакаат да го прошират својот пазар ширум Европа, а тоа да се реализира преку Македонија. Интересот е голем и за изградба на луксузни хотели, но, како што објасни Павлески, за украинските бизнисмени не е важно само бизнис-климата и условите што се нудат, туку и бројот на туристи кои ја посетуваат земјава, а бараат луксузни услуги.
- Господинот е сопственик на познатата хотелиерска групација "Риксос груп" кои имаат хотели во познати светски дестинации. Тоа се луксузни хотели со пет ѕвезди, а тие ги разгледуваат можностите за изградба на вакви хотели во Скопје и во Охрид - вели Павлески.
За Украинците се интересни и можностите за испитување на експлоатација на минерални суровини со можноста за додавање на поголема додатна вредност, преку изградба на повеќе производствени капацитети.
- За нив е значаен и земјоделскиот сектор, особено откупно-дистрибутивните центри каде тие би откупувале земјоделски производи од домашните земјоделци и би извезувале во Украина, Русија и други европски земји - посочи Павлески по вчерашната средбата во Владата со Микулин.
Тој објасни дека бизнисмените од Украина ги анализираат и можностите за испитување на експлоатација на минерални суровини со можност за додавање на поголема дополнителна вредност, преку изградба на повеќе производствени капацитети.
За Микулин соработката меѓу Украина и Македонија е пријателска заради симпатиите што постојат меѓу двата народа. Тој потсети дека бизнис форумот што се одржал во февруари годинава во Украина, го организирал македонскиот амбасадор Ацо Спасеноски.
- Како почесен конзул на Украина во Македонија ќе имам можност да ја развивам соработката меѓу двете држави, особено можностите за инвестиции во Македонија - вели Микулен.
Што се однесува за странските инвестиции во Македонија во првиот квартал од годинава, Павлески објасни дека бројката во некој друг квартал може да биде многу поголема што би се избалансирало во текот на целата година.
- Нема правило во инвестициите, но тие на годишно ниво се движат од 200 до 300 милиони евра. Тоа е реална бројка иако може таа бројка и да се зголеми - вели Павлески.
Во организација на Стопанската комора на Македонија денеска во земјава ќе се одржи Македонско-украински бизнис форум, со цел воспоставување билатерални деловни средби со украинските стопанственици, каде гостин ќе биде и претседателот на Стопанската комора на Украина, Јуриј Гончарук.
Вкупната трговска размена на Македонија со Украина во првите три месеци од годинава достигна вредност од 26,5 милиони американски долари, што претставува пад од 15,9% во однос на истиот период од лани, кога е остварен извоз во вредност од 3,9 милиони или намалување од 22,4%, додека увозното салдо изнесува 22,6 милиони долари. Ланската вкупна трговска размена на Македонија со Украина достигна вредност од 104,7 милиони долари што претставува пад од 58,7% во однос на 2011 година. Притоа, остварен е извоз во вредност од 17,8 милиони долари, или пад од 81,4%, додека увозното салдо изнесува 86,8 милиони долари или намалување од 44,9%.
Евидентиран е негативен биланс во трговската размена со остварен дефицит од 69 милиони долари.