Битиќи: Владата е отворена за сите конструктивни предлози од бизнис-секторот

Bez autora
Sep 08 2020

Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис-секторот, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, кој се сретна со делегацијата на Сојузот на стопански комори, која ја предводеше претседателката Данела Арсовска.

Вицепремиерот Битиќи, на средбата со претставниците на ССК, посочи дека Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис-секторот, а во насока на креирање политики, проекти и мерки за создавање нова развојна и одржлива економија на нашата земја.

Тој потенцираше дека во фокусот на Владата, во овој момент, е креирање на сеопфатен и квалитетен четврт сет на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, кој најдобро ќе ги рефлектира потребите на најпогодените групи, за надминување на предизвиците од социо-економската криза предизвикана од Ковид-19. Поддршката на микро, малите и средни компании, кои се најважниот дел на нашата економија, ќе биде значителна, а особен фокус е ставен токму на оние сектори кои се најпогодени од кризата.

Вицепремиерот Битиќи дополни и дека активно се работи на мерки со кои, по завршување на кризата, економијата ќе расте со забрзано темпо, а за таа цел ќе се поддржуваат стартап-компаниите и ќе се креираат мерки за поддршка за технолошки развој и воведување иновации на сите компании, за да се подигне конкурентноста на фирмите на домашниот и меѓународните пазари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik