„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Bez autora
Dec 20 2022

Од 23 април 2023 година германскиот авиопревозник „Луфтханза“ влегува на македонскиот авијациски пазар со почнување летови на линијата Франкфурт – Скопје, соопшти „ТАВ Македонија“ откога авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.

„Луфтханза“ ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета неделно со авиони од видот: Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.

Како што велат од „Луфтханза“, летовите на релација Франкфурт – Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите.

Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа.

Продажбата на авиобилетите е веќе почната.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik