„Визер“ и „Луфтханза“ доставија барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии

Bez autora
Apr 05 2023

Авиокомпаниите „Визер“ и „Луфтханза“ доставија барања до Министерството за транспорт и врски за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродрома, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле во Охрид.

Јавниот повик траеше од 1 до 31 март 2023 година.

„Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди во согласност со утврдените критериуми во јавниот повик. Јавниот повик за субвенционирање нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови во согласност си регулативата на Европската Унија.

Финансиската поддршка има цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање поконкурентни и подостапни цени на билетите, што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik