За осум месеци инфлацијата на граѓаните им изеде 4.600 денари!

Bez autora
Sep 16 2024

Од Владата најавија есенска кошничка и намалување на цените на повеќе од 100 прехранбени производи.

Но, според Синдикатот и граѓаните, оваа мерка е задоцнета, со оглед на тоа што цените на храната годинава постојано растат. Од Сојузот на синдикатите на Македонија пресметале дека покачувањето на цените на храната од почетокот на годинава досега, ги чини граѓаните 4.600 денари. Значи, инфлацијата им ги „изела“ овие пари и никој нема да им ги врати.

Цените во маркетите постојано растат, а доказ за тоа е и зголемувањето на стапката на инфлација секој месец. Од Владата најавија есенска кошничка и намалување на цените на повеќе од 100 прехранбени производи. Но, според Синдикатот и граѓаните, оваа мерка е задоцнета, со оглед на тоа што цените на храната годинава постојано растат. Од Сојузот на синдикатите на Македонија пресметале дека покачувањето на цените на храната од почетокот на годинава досега, ги чини граѓаните 4.600 денари. Значи, инфлацијата им ги „изела“ овие пари и никој нема да им ги врати.

Тој смета дека оваа мерка – ограничени цени на повеќе од 100 прехранбени производи, која ја најави Владата, е задоцнета, бидејќи она што им изела инфлацијата од јануари досега – 4.600 денари, никој нема да им го врати. Но, сепак, смета дека е ќе има поголем ефект отколку ограничените маржи.

Министерството за економија ги завршува последните анализи за воведување на таканаречената есенска кошничка. Со оваа мерка, се предвидува над 100 основни прехранбени производи да бидат достапни по пониски цени за граѓаните.

Оваа иницијатива чека зелено светло од Владата за да може да се примени во практика.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека есенската потрошувачка кошничка ќе биде позната од понеделник и ќе бидат прецизирани мерките замрзнување на цените и ограничување на маржите.

Граѓаните се изначекаа за есенската кошничка. Велат дека цените во маркетите постојано растат, а особено се високи оние на зеленчукот и на овошјето. Доматите достигнаа цена и до 130 денари, пиперките за ајвар – 80 денари, краставиците 70-80 денари. Цената на грозјето се движи меѓу 80 и 130 денари, пиперките 60 денари, а слични се цените и на пазарите.

И Статистика измери повисока инфлација во август, во однос на јули, за 0,5 проценти. Трошоците за живот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2,2  процента, а цените на мало – од 3 проценти.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците за живот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1,2  проценти, рекреација и култура за 1,1 процент, здравје за 0,8  проценти, ресторани и хотели за 0,7  проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,6 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0,5 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1  процент.

Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците за живот е забележано во следните групи: транспорт за 2,2 процента, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0,3 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik