Дополнителни 400 транспортни дозволи

Bez autora
Jul 01 2010

Македонија ќе размени со Германија дополнителни транспортни дозволи надвор од редовната квота за годинава. Со потпишување Протокол на тоа се обврзаа членовите на Македонско-германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај, на состанокот што се одржа во изминатите денови во Скопје. За оваа година се обезбедени дополнителни 300 билатерално транзитни дозволи за возила со ЕУРО 3 стандард, 50 транспортни дозволи за трети земји за возила со ЕУРО 3 стандард и 50 дозволи за трети земји за возила со ЕУРО 4 стандард - соопшти Министерството за транспорт и врски. На состанокот на мешовитата комисија е утврдена и прелиминарната квота за дозволи за 2011 година. За следната година е предвидена размена на 500 билатерално транзитни дозволи за нееколошки возила, 4.300 билатерално-транзитни дозволи за возила со ЕУРО стандард, 1.000 билатерално-транзитни дозволи за возила со ЕУРО 4 стандард, 300 дозволи за трети земји за возила со еуро 3 стандард, 300 дозволи за трети земји за возила со ЕУРО 4 стандард и 50 годишни дозволи за возила со ЕУРО 3 стандард.

Дополнителни 400 транспортни дозволиМакедонија ќе размени со Германија дополнителни транспортни дозволи надвор од редовната квота за годинава.

Со потпишување Протокол на тоа се обврзаа членовите на Македонско-германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај, на состанокот што се одржа во изминатите денови во Скопје.

- За оваа година се обезбедени дополнителни 300 билатерално транзитни дозволи за возила со ЕУРО 3 стандард, 50 транспортни дозволи за трети земји за возила со ЕУРО 3 стандард и 50 дозволи за трети земји за возила со ЕУРО 4 стандард - соопшти Министерството за транспорт и врски.

На состанокот на мешовитата комисија е утврдена и прелиминарната квота за дозволи за 2011 година. За следната година е предвидена размена на 500 билатерално транзитни дозволи за нееколошки возила, 4.300 билатерално-транзитни дозволи за возила со ЕУРО стандард, 1.000 билатерално-транзитни дозволи за возила со ЕУРО 4 стандард, 300 дозволи за трети земји за возила со еуро 3 стандард, 300 дозволи за трети земји за возила со ЕУРО 4 стандард и 50 годишни дозволи за возила со ЕУРО 3 стандард.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik