Кредити со ниски камати и отплата на седум години

Bez autora
Jun 28 2010

Шпаркасе банка Македонија месецов воведе највисоки каматни стапки за депозитите кои граѓаните ги имаат или ќе ги депонираат во оваа банка. Со новиот краткорочен депозит за физички лица оние кои ќе ги орочат своите заштеди на 6 или 12 месеци, ќе можат да ја подигнат каматата однапред, односно на првиот ден од јули, наместо по истекот на периодот на орочување. Предвидени се атрактивни фиксни каматни стапки во висина од 8 до 9 отсто за денарските депозити и 3,8 до 4,3 отсто за депозити во евра. Нови повисоки каматни стапки се воведени и за штедните влогови орочени на 24 и 36 месеци. Овој долгорочен депозит е посебен по тоа што клиентите покрај редовната каматна стапка добиваат и фиксен стимулативен додаток до 0,4 отсто. Во зависност од валутата и времето на орочување, каматната стапка за депозитот се движи од 10 до 10,5 отсто за денарски депозити и од 5 до 5,4 проценти за депозити во евра.

Кредити со ниски камати и отплата на седум годиниШпаркасе банка Македонија месецов воведе највисоки каматни стапки за депозитите кои граѓаните ги имаат или ќе ги депонираат во оваа банка.

Со новиот краткорочен депозит за физички лица оние кои ќе ги орочат своите заштеди на 6 или 12 месеци, ќе можат да ја подигнат каматата однапред, односно на првиот ден од јули, наместо по истекот на периодот на орочување. Предвидени се атрактивни фиксни каматни стапки во висина од 8 до 9 отсто за денарските депозити и 3,8 до 4,3 отсто за депозити во евра. Нови повисоки каматни стапки се воведени и за штедните влогови орочени на 24 и 36 месеци.

- Овој долгорочен депозит е посебен по тоа што клиентите покрај редовната каматна стапка добиваат и фиксен стимулативен додаток до 0,4 отсто. Во зависност од валутата и времето на орочување, каматната стапка за депозитот се движи од 10 до 10,5 отсто за денарски депозити и од 5 до 5,4 проценти за депозити во евра - велат од банката.

За рефинансирање на долговите на граѓаните воведен е кредит до 10.000 евра со рок на отплата до седум години. Со овој нов долгорочен кредит се овозможува отплата на обврските по кредити и кредитни картички во други банки, а како корисници можат да се јават вработените во акционерски друштва и во јавни претпријатија. Рок на отплата е 84 месеци, без трошоци за одобрување, а каматна стапка е 8,4 отсто.

Шпаркасе банка Македонија нуди и гратис сеф за 2010 година. Се однесува на моделот Маратон" за изнајмување на сеф на една година, за чување на вредни и скапоцени предмети со кој корисниците го добиваат сефот на користење бесплатно до крајот на годинава, а договорот за изнајмување трае заклучно со 31 декември идната година. Инаку, сефовите може да се изнајмат и месечно, квартално, и полугодишно во зависност од потребите на клиентите. Преку Банката се нудат и поволни автомобилски кредити во соработка со КИА моторс. Специјалната понуда трае само за време на Светското фудбалско првенство. Каматата е 7,9 отсто, а рокот на отплата 84 месеци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik