Мониторинг врз постапките при издавање на градежните дозволи

Bez autora
Jun 30 2010

Тим на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во следните два месеца ќе спроведе длабинска анализа на процесот за одобрување градежни дозволи во Македонија. Во консултации со општинските власти, инвеститори, како и стопанските комори, претставниците на ИФЦ ќе направат проценка на сите постапки при издавање на градежни дозволи, на доцнењата, како и на трошоците за нивно добивање. Според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, врз основа на таквите информации од ИФЦ ќе дадат препораки како да се рационализира процесот на добивање градежни дозволи кои понатака ќе бидат преточени во законски измени. За реализација на овој проект Јанакиески и Антоан Курсел Лабрус, претставник на ИФЦ, вчера потпишаа Договор за соработка.

Мониторинг врз постапките при издавање на градежните дозволиТим на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во следните два месеца ќе спроведе длабинска анализа на процесот за одобрување градежни дозволи во Македонија.

Во консултации со општинските власти, инвеститори, како и стопанските комори, претставниците на ИФЦ ќе направат проценка на сите постапки при издавање на градежни дозволи, на доцнењата, како и на трошоците за нивно добивање. Според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, врз основа на таквите информации од ИФЦ ќе дадат препораки како да се рационализира процесот на добивање градежни дозволи кои понатака ќе бидат преточени во законски измени. За реализација на овој проект Јанакиески и Антоан Курсел Лабрус, претставник на ИФЦ, вчера потпишаа Договор за соработка. Вредноста на проектот е 34.000 долари, од кои ИФЦ обезбедува 31.723 долари, а Министерството за транспорт - 2.277 долари.

- Сите активности и резултати од проектот треба да завршат до крајот на годината, а Министерството за транспорт ќе ги обезбеди сите потребни информации и поддршка, како и активното учество на релевантните локални власти во процесот на ревидирање - рече Јанакиески.

Антоан Курсел Лабрус истакна дека реализацијата на проектот ќе претставува чекор напред за Македонија во привлекување инвестиции со оглед дека ќе се поедностави постапката за добивање градежни дозволи. Во таа област Македонија доби критики во Извештајот на ДУИНГ бизнис, а проектот треба да ја подобри состојбата.

- Како резултат на активностите што ги презема Владата за спроведување реформи и за подобрување на бизнис-климата, Македонија успеа да се искачи меѓу првите 10 реформатори во светот, а сега се наоѓа на 37 место по едноставност на процедурите за водење бизнис. Со оваа активност сакаме да и помогнеме на Владата не само да го задржи тоа место, туку и да се искачи повисоко на тоа скалило - рече Лабрус.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik