Нов рок за сметките без плаќање камата

Bez autora
Jun 30 2010

„ЕВН Македонија“ им дава на своите потрошувачи дополнителни седум дена за да ја платат мајската сметка за потрошената електрична енергија, без да пресметува камата. Корисниците што ги добиле сметките на истиот датум кога истекува рокот за плаќање, или порано или подоцна од тој рок, нема да бидат оштетени, бидејќи ЕВН им дава уште седум дена за плаќање на фактурата, без притоа да наплатува камата. Во соопштението се вели дека ова се прави со цел да се продолжи коректниот и заемен однос меѓу компанијата и корисниците, како и поради тоа што овој месец е транзициски, се прави премин од стариот во новиот наплатен систем, а сметките за прв пат се дистрибуираат по новиот начин на испорака преку „Македонска пошта“. „ЕВН Македонија“ апелира до корисниците, кои од какви било причини нема да добијат фактура, да се јават во Центарот за односи со корисниците или во приемните канцеларии во Корисничките енергоцентри за да побараат да им биде издадена фактурата.

Нов рок за сметките без плаќање камата„ЕВН Македонија“ им дава на своите потрошувачи дополнителни седум дена за да ја платат мајската сметка за потрошената електрична енергија, без да пресметува камата.

„Корисниците што ги добиле сметките на истиот датум кога истекува рокот за плаќање, или порано или подоцна од тој рок, нема да бидат оштетени, бидејќи ЕВН им дава уште седум дена за плаќање на фактурата, без притоа да наплатува камата“, информираат од компанијата.

Во соопштението се вели дека ова се прави со цел да се продолжи коректниот и заемен однос меѓу компанијата и корисниците, како и поради тоа што овој месец е транзициски, се прави премин од стариот во новиот наплатен систем, а сметките за прв пат се дистрибуираат по новиот начин на испорака преку „Македонска пошта“. „ЕВН Македонија“ апелира до корисниците, кои од какви било причини нема да добијат фактура, да се јават во Центарот за односи со корисниците или во приемните канцеларии во Корисничките енергоцентри за да побараат да им биде издадена фактурата. Со тоа треба да се коригираат евентуалните недоразбирања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik