Од работа ќе одат само доброволци со испратнини до 22.500 евра

Bez autora
Jun 29 2010

Синдикатот и раководството на Македонски телеком потпишале спогодба со која се утврдија досега најповолните услови за сите заинтересирани вработени од компанијата доброволно да заминат од работа со примамлива испратнина. Понудата која интерно е дистрибуирана до сите вработени предвидува секој оној кој сака да потпише дека спогодбено го раскинува работниот однос, ќе добие по 1.000 евра за секоја година помината на работа во Македонски телеком и тоа доколку во компанијата има работено до најмногу 10 години. На оние вработени, пак, кои оствариле над 10 години работен стаж во Телеком, компанијата ќе им исплати по 1.600 евра за секоја година помината во компанијата, но не повеќе од 22.500 евра. Во изминатите години реализиравме повеќе успешни понуди преку кои нашите вработени ја искористија можноста за доброволно заминување од компанијата со исплата на поволен финансиски надомест. За сите заинтересирани за ваква програма за доброволно заминување од работа, повторно им излегуваме во пресрет со продолжување на оваа практика.

Од работа ќе одат само доброволци со испратнини до 22.500 евраСиндикатот и раководството на Македонски телеком потпишале спогодба со која се утврдија досега најповолните услови за сите заинтересирани вработени од компанијата доброволно да заминат од работа со примамлива испратнина.

Понудата која интерно е дистрибуирана до сите вработени предвидува секој оној кој сака да потпише дека спогодбено го раскинува работниот однос, ќе добие по 1.000 евра за секоја година помината на работа во Македонски телеком и тоа доколку во компанијата има работено до најмногу 10 години. На оние вработени, пак, кои оствариле над 10 години работен стаж во Телеком, компанијата ќе им исплати по 1.600 евра за секоја година помината во компанијата, но не повеќе од 22.500 евра.

- Во изминатите години реализиравме повеќе успешни понуди преку кои нашите вработени ја искористија можноста за доброволно заминување од компанијата со исплата на поволен финансиски надомест. За сите заинтересирани за ваква програма за доброволно заминување од работа, повторно им излегуваме во пресрет со продолжување на оваа практика. Сакаме да потенцираме дека оваа понуда е на доброволна основа и сите заинтересирани вработени потребно е да пополнат Барање за спогодбен престанок на работниот однос - велат од Македонски телеком и наведуваат дека понудата важи до крајот на годинава.

Од Телеком истакнуваат дека секое поднесено барање не значи и дека ќе биде прифатено.

- Работодавачот има право да го разгледа секое поднесено барање поединечно и има дискрециско право да одлучува кој може доброволно да замине, во зависност од работното место на вработениот, од неговиот обем на работа и стручност. Тоа значи дека оние вработени од кои компанијата има потреба, нема да им биде одобрено барањето - велат од Телеком.

Лани синдикатот и раководството на Телеком се договорија да нема намалување на бројот на вработените. Само беше оставена можност за одреден број вработени кои ќе сакаат да заминат од компанијата по услови предвидени во Програмата за намалување на бројот на вработени од 2008 година, да заминат од компанијата. Телеком пред две години издвои 10 милиони евра за испратнини за околу 500 вработени. Интересот за заминување од работа не беше многу голем и оваа можност ја искористија околу 390 вработени. Највисоката исплатена испратнина беше 22.500 евра, што ја добија оние вработени со над 25 години работен стаж во Македонски телеком. На оние кои непрекинато работеле од 10 до 25 години во компанијата, им беа исплатени по 900 евра за секоја година стаж.

Додека по 600 евра по година добија сите оние што имаа од пет до девет години работен стаж.

Заминувањето од работа на доброволна основа и со амин на Синдикатот е најинтензивно во последните четири-пет години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik