ДЗС: За 20% се намалени одобренијата на градба во однос на ланската година

Bez autora
Oct 13 2024

Во извештајот на државниот завод за статистика се вели дека се издадени се 275 одобренија за градење, што е за 20,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 851 654 илјади денари,што е за 31,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (60,0 %) се наменети за објекти од високоградба, 45(16,4 %) за објекти од нискоградба и 65 (23,6 %) за објекти за реконструкција.Од вкупно 275 објекти, на 167 (60,7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 108 (39,3 %) објекти инвеститорисе деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 531 стан, со вкупна корисна површина од 52 648 м2.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik