Берзата со промет од 8 милиони, индексите во минус

Bez autora
Jun 06 2010

Македонската берза денеска оствари промет од 8.074.822,07 денари низ 82 трансакции, а вредноста на трите индекси беше намалена. Најмногу изгуби индексот на поседувани друштва МБИД кој падна за 6,77 индексни поени или 0,25 проценти, индексот на 10 најликвидни компании МБИ10 падна за 0,01 проценти и при тоа оствари вредност од 2.411,86 индексни поени, и индексот на обврзници ОМБ забележа благ пад на својата вредност од 0,17 проценти и оствари вредност од 109,56 поени. На Официјалниот пазар најатрактивна хартија од вредност и денеска беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија. Истргувани беа 64.871 обврзници по просечна цена од 78,07 проценти, при што беше остварена вкупна вредност од 3.114.521,87 денари.

Берзата со промет од 8 милиони, индексите во минусМакедонската берза денеска оствари промет од 8.074.822,07 денари низ 82 трансакции, а вредноста на трите индекси беше намалена.

Најмногу изгуби индексот на поседувани друштва МБИД кој падна за 6,77 индексни поени или 0,25 проценти, индексот на 10 најликвидни компании МБИ10 падна за 0,01 проценти и при тоа оствари вредност од 2.411,86 индексни поени, и индексот на обврзници ОМБ забележа благ пад на својата  вредност од 0,17 проценти и оствари вредност од 109,56 поени.

На Официјалниот пазар најатрактивна хартија од вредност и денеска беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија. Истргувани беа 64.871 обврзници по просечна цена од 78,07 проценти, при што беше остварена вкупна вредност од 3.114.521,87 денари.

Втора по својата вредност на Официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје која се тргуваше по цена од 3,947,73 денари од акција. Истргувани беа 179 обични акции за 706.643,00 денари.

Трета по својата ликвидност на Официјалниот пазар за хартии од вредност беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од четвртата емисија. Беа истргувани 10.000 обврзници, по просечна цена од 84,31 проценти од номиналната вредност, што претставува пад од  2,53 проценти. Со нив се оствари промет во вредност од 518.488,05 денари промет од 3 трансакции.

На Редовниот пазар за хартии од вредност повторно најликвидна хартија од вредност беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со вредност на тргување од 1.928.198,00 денари промет низ 19 трансакции. Се истргуваа 3.883 акции по просечна цена од 496,72 денари од акција.

Втора по својата ликвидност на овој пазар беше акцијата на Прилепска Пивара АД Прилеп со промет од 160.000,00 денари од 2 реализирани трансакции. Овие акции се тргуваа по цена од 10.000,00 денари од акција што претставуваше пад за 1,96 проценти споредено со последното тргување со оваа акција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik