Неколку успешни претпријатија, денеска формираа Бизнис Лидерски Форум (БЛФ), со потпишување на меморандум за разбирање со кој што доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот. Целта е да се поттикне развојот на бизнисот и зголемување на профитот. Евроамбасадорот Ерван Фуере на отварањето на Форумот изјави дека овој начин на партнерство е особено важен за иднината на претпријатијата, како и за Македонија и нејзината цел за интеграција во Европската унија и реформите што и се потребни за економски просперитет и економска стабилност. Овие реформи можат да се постигнат само доколку постои дух на партнерство и консензус меѓу компаниите се разбира со помош од Владата бидејќи таа ги носи одлуките заедно со Собранието. На овој начин се постигнува општествена одговорност на компаниите кон своите вработени, клиентите и маркетингот, воведување антикорупциски мерки и еколошки услови за корисниците и добавувачите.
Неколку успешни претпријатија, денеска формираа Бизнис Лидерски Форум (БЛФ), со потпишување на меморандум за разбирање со кој што доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот.
Целта е да се поттикне развојот на бизнисот и зголемување на профитот.
Евроамбасадорот Ерван Фуере на отварањето на Форумот изјави дека овој начин на партнерство е особено важен за иднината на претпријатијата, како и за Македонија и нејзината цел за интеграција во Европската унија и реформите што и се потребни за економски просперитет и економска стабилност. Овие реформи можат да се постигнат само доколку постои дух на партнерство и консензус меѓу компаниите се разбира со помош од Владата бидејќи таа ги носи одлуките заедно со Собранието.
На овој начин се постигнува општествена одговорност на компаниите кон своите вработени, клиентите и маркетингот, воведување антикорупциски мерки и еколошки услови за корисниците и добавувачите.
БЛФ платформата ги здружува малите, средни и големи претпријатија секое заинтересирано претпријатие може да аплицира за да биде дел од Бизнис Форумот.