Опаднат интересот за градење во април

Bez autora
Jun 06 2010

Вкупно 233 одобренија за градба биле издадени во Македонија во април, што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,1 милијарди денари(34,1 милиони евра), што е за 9,3 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 (79.0%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (9.9%) за објекти од нискоградба и 26 (11.1%) за објекти за реконструкција.

Опаднат интересот за градење во априлВкупно 233 одобренија за градба биле издадени во Македонија во април, што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,1 милијарди денари(34,1 милиони евра), што е за 9,3 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 (79.0%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (9.9%) за објекти од нискоградба и 26 (11.1%) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 662 стана со вкупна корисна површина од 47 905 м2.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik